Дождливо септемвриско утро. Го чекам другар ми пред факултет, ифрит лут затоа што по петнаести пат доаѓам за да ми го средат електронското досие. И повторно стандардната приказна- асистентот ме праќа во ЕКТС, ЕКТС во компјутерски центар, а компјутерски центар кај асистентот. Не можам да пријавам испит ниту да полагам. А и другаров никаде го нема, доцни само половина час... конечно се појави на другата страна на влезот на економски, препотен и нервозен:
- Ова не е нормално!!!! Како е можно да чекам повеќе од два часа за да заверам семестар???
- Остави му викам, да не почнам јас да се жалам...
Во меѓувреме стигна порака од Софи дека има два испита ставени во исто време па нема да дојде.
Седнавем да испиеме еднко кафе во бифе, и да си ги искажеме маките, кога не пресретна колешката од Пехчево расплакана, не добила место во студентскиот дом, иако и двајцата родители и се невработени. Единствена опција и е да си го купи леглото за 150 евра, бидејќи не била на партиската листа за сместување! А бидејќи сеуште нема абер од парите за студентските кредити, не може ни тоа да го направи.
А јас мислев дека моите утрински нервози се сериозна работа!!!
И викам, Ане, пробај побарај го студентскиот правобранител.... тоа би требало да биде сериозна институција....
На сета мака девојчето само се изнасмеа, па се ми стана јасно.....
И така се разврза еден сериозен муабет- за сите наши маки и нервози, за што треба да биде така како што не е.... за тоа кој се треба да се бори за нас а не го прави тоа... и за тоа дека треба самите да се избориме за себе! Бидејќи, кога неправдата ќе стане закон, отпорот е наша должност!
Бидејќи претседателот на Студентскиот Парламент нешто не се потресува многу,а студентскиот правобранител му е најдобар другар и не се потресува многу, студентско списание има ама никој не го видел, единствено што можевме да направиме беше овој блог. За почеток да си ги кажеме маките а потоа сите заедно да бараме чаре, оти тоа никој друг нема да го направи ЗА НАС!!!

Драго ми е што се повеќе студенти одбиваат да пројдат низ образовниот систем со наведната глава додека нашите "легитимни претставници" се частат по кафани со нашата членарина.
ОдговориИзбришиЅирнете го ова, имаме многу заеднички поенти
http://za-sto-plakas.blogspot.com/
Bravo momci... samo taka prodolzete...
ОдговориИзбришиKojznae.. mozebi mnogu naskoro ke bidete podrzani od odreden studentski parlament za koj se nadevam deka ke bide nezavisen vo svoeto odlucuvanje i uspee da mu se sprotistvai na golemiot SPUKIM. Samo smelo i hrabro protiv nepravdata :D
pozdrav