твитерYouTubeRSS

среда, 24 ноември 2010

Резултати од анкетното прашање „Дали како студенти гледате некоја корист од функционирањето на СПУКМ и Студентскиот правобранител“


По еднонеделно гласање на анкетното прашање „Дали како студенти гледате некоја корист од функционирањето на СПУКМ и Студентскиот правобранител“ на блогот на Студентски отпор, ги добивме следните резултати:


Резултатот од оваа анкета ја покажува реалноста околу поддршката и легитимноста на лицата кои се на чело на овие организации и институции. На последните избори за Претседател на СПУКМ над 75% од студентите не излегоа да гласаат за ниеден од кандидатите, а денешниот „лидер“ на СПУКМ доби доверба од помалку од 20% поддршка од студентите. 
За студентскиот правобранител нема потреба да пишуваме во овој пост, којзнае колку ќе се израдува што е спомнат и му даваме публицитет!

Со почит,
Студентки отпор

БЛОГ КОЛУМНА: Самоуништување (ВТОР ДЕЛ)


Што всушност значи концептот на достапно образование- факултетот, каков таков, можеби и неакредитиран, можеби без соодветен наставен кадар, можеби и без греење, да ти е, народски кажано “во двор “, или пак, да е бесплатен? Оваа дефиниција драги мои веројатно е посоодветна за некој друг утописки свет, иако кај нас постоеја искрени обиди токму така да се разбере и да се наметне. Не за реалниот свет. Никаде во светот не се сретнува концептот на таканаречените дисперзирани студии. Секоја нормална земја наместо да ги уништува универзитетските центри, прави се да ги зајакне и доразвие, а студентите, бидејќи имаат добар стандард, и многу можности за стипендирање и кредитирање, одат таму да стдираат. За да имаат вистински предавања, вистински професори и вистински студентски третман. Со јазикот на дедо ми-добиваат можност да станат луѓе!
Што добивме ние од дисперзираните студии??? Можност да без труд се стекнеме со некаква диполма???
Зошто ни е диполма која не е заслужена или која не е поткована со минмален квалитет на знаење??? За макар привремено да се намали бројот на невработени во Заводот за статистика??
Оние што порано не можеа да си дозволат да студираат, сега останаа дома,и се запишаа на некој дисперзианите или новоотворени факултети кои се раштркани насекаде низ земјата. Секое село стана универзитетски центар. А јас сеуште се прашувам, од каде во Македонија толку универзитетски кадар и пари за да се плати истиот, како и целата потребна администрација и технички услови???
И уште поважно- што ќе се случи кога во еден момент, 80% од населението ќе има високо образование а СИТЕ ќе бидат невработени, или неквалификувани???
Со сите меѓународни договори кои ги има потпичано и ратификувано Р.Македонија, со Уставот и сите закони, нас ни е гарантирано квалитетното образование. А каде е тоа?? Јас не го гледам! Не гледам можности за усовршување, не мислам дека за 4 години нешто многу научив! Моментално сум невработен правник,за некој месец ќе бидам и невработен магистер. Не можам да ги повратам парите кои ги вложив за студирање. Или можам да се вработам за минимална плата бидејќи лошиот квалитет на кадри ја урива цената на пазарот на труд. Во странство не можам да отидам, бидејќи нашите Универзитети или не се влезени или веќе излегоа од ЕРАЗМУС мрежата- најголемата и најмногу финансираната студентска мрежа за мобилност. Се наоѓам во дупка- за тука сум преквалификувана, за надвор сум неписмена.
Ако наместо 6 дисперзирани правни факултети, имавме 1 добар, со обезбедена литература, со добра библиотека, со визитинг професори, со можност за студентски размени- ова немаше да биде случај!!!

четврток, 18 ноември 2010

БЛОГ КОЛУМНА: Самоуништување (ПРВ ДЕЛ)



Младите се иднината и двигател на едно општество. Оваа реченица многу често ја слушаме и ни била пренесена од нашите родители, професори, политичари....навидум од сите кои мислат добро на една држава и нејзината иднина. 
Држава која обезбедува на младите услови за квалитетно образование, работа, напредок, перспектива, е одлика на држава која цврство стои и размислува за нејзиниот иден развој.
Нема поголем „партиотизам“ од овозможувањето на услови и грижа за младиот човек  да придонесува во сопствената држава.
Денес ако погледнеме околу нас не сум сигурен дека токму во Македонија ова ни се случува.
Ако го земеме во предвид последниот извештај на Заводот за статистика каде беа прикажани поразителни бројки за невработеноста на младиот човек во Македонија од над 50%, и направиме паралела со било која соседна држава ќе видиме дека далеку заостануваме.
Ако се соочиме со фактот дека 25-30% од студентите кои заминуваат на Work & travel патувања не се враќаат повеќе во државата, и по ризик на незаконско емигрирање остануваат во државите каде заминале.
Огромен број од младите високо образовани кадри кои заминуваат на образување во странство остануваат во тие држави, бидејќи непотизмот и корупцијата во матичната држава не им дава можност да дојдат до израз и да го пренесат знаењето и искуството.
Ако го земеме во предвид огромниот број на барања за вадење и извадени странски пасоши во последниот период од страна на жители на Македонија за колку толку подобар живот, дури и по цена на откажување од сопствениот идентитет, тогаш сето ова изгледа многу поразително.
За некои ваквата состојба во која се наоѓа државата е одлична прилика да ги искористат своите пет минути на минат партиски активизам и преку ноќ да се збогатат на сметка на сите нас. Ваквото безредие им одговара на оние кои не се навикнати да опстанат во систем кој функционира.
Денес сите морални вредности се изгубени во нашето општество.
Токму луѓето на кои им одговара ваквата состојба во која се наоѓа Македонија им пречи интегрирањето на државата во систем и заедници во кои постои ред и контрола.
Истите тие луѓе не убедуваат ако треба и корења да јадеме, за да го оттргнат вниманието од немањето решенија и државна стратегија за излез од ваквата состојба и превземањето на соодветни политички одлуки.
Знам дека многумина го споделувате истото што и јас погоре го напишав, знам дека ќе има и такви на кои не им одговара напишаново и ќе се потрудат како оружје да го искористат етикетирањето кое вообичаено го користат против оние кои размислуваат спротивно од нив, но реалноста е таа!
Се плашам како млад човек ако работите продолжат и понатаму во овој правец и темпо, колку ли е само блиску денот кога ќе нема ни тие корења кој да ги јаде!


Свесно или не сето ова доведува до тивко уништување на нашето национално ткиво!