твитерYouTubeRSS

четврток, 21 октомври 2010 г.

Студентски манифест



Ние, македонските студенти, уморни од понижување и злоупотреби, го кренавме својот глас, за да докажеме дека не има многу и не има насекаде! За да докажеме дека не сме само целна група која ќе се прилепува на владејачките гарнитури за да добие празни ветувања полнејќи ги плоштадите пред секои избори! Ние сме маса но маса на индивидуи! Ние сме поглед од иднината! Уморни сме од потценувањето и незаинтересираноста на институциите! Уморни сме од систем кој лажно функционира! Бараме одговорните да ја превземат одговорноста или да соберат храброст и да си заминат во историјата заедно со својата неспособност!
Бараме образование за пример, кое ќе ни помогне да се надградуваме! Сакаме дипломи кои ќе ни донесат знаење и вработување! Бараме стандард каков што ни доликува- и на факултетите и во студентските домови! Бараме да се ценат нашите квалитети, бараме да се чуе нашиот глас! Но не преку лажниот Студентски Парламент, не преку цензурираната ораторска вечер, не преку студентското радио на кое се дозволени само определени содржини!
Бараме систем кој ќе профункционира по светски стандарди,или истиот ќе го срушиме пред тој да ги сруши нашите идеали!
Не сакаме да бидеме нечии пиони! Во демократско општество, студентите ги играат главните улоги! Крајно време е за една поинаква демократија! Крајно време е за студентократија! Да се освестиме,да се спротивставиме, да им кажеме не на сите корумпирани локални шерифи и мамини синови! На сите шмизли и бикови со кои секојдневно се среќаваме! Овие години се наши години! Овие времиња се наши времиња! Нема да имаме втора шанса за нашата младост, енергија и ангажмани! Се што сега ќе направиме, ќе не следи цел живот!
Студенти од цела Македонија, без оглед на вашата вера и религија, без оглед на вашата национална или етничка припадност,без оглед на вашата партија или идеологија, да не дозволиме неправдата да стане закон!


Ве повикуваме на ОТПОР!

Нема коментари:

Објави коментар