Пред неколку дена на некоја од телевизите слушнав дека европскиот кредит трансфер систем не е најсоодветниот за македонските студенти бидејќи усното одговарање е исфрлено,се полагала на заокружување,што е полесно за студентите и дава поголема проодност но не и поголем квалитет на дипломираните млади професионалци.
Не знам дали македонските новинари знаат што значи да се истражува,но во секој случај можеле барем да проверат што значи студирање по ЕКТС пред да и посветат цел прилог на темата.
Европскиот кредит трансфер систем не е претставен преку начинот на полагање.ЕКТС може да се реализира на било кој начин преку усмено или писмено полагање,полагање на испити или колоквиуми.Она што е важно е вкупниот број на освоени кредити,при што кредитите ја претставуват условно кажано оптеретеност на студентите,односно трудот кој е вложен.
Целата поента на ЕКТС се однесува на мобилноста на студентите,односно на можноста за признавање на кредитите оставрени на еден универзитет,кога студентот ќе се одлучи да ,заради поголемо искуство и знаење помине семестар или година или реши да се префрли на друг универитет,не наиде на никаков проблем.
За моменталниот начин на полагање на испити и колоквиуми конкретно на правниот факултет каде што јас студирам,можама да кажам дека иако не ме одушевува,го гледам како практичен бидејќи истиот е пообјективен во поглед на прегледувањето на тестовите.Од друга страна,оценката не се сведува само на поените од тест туку и на активноста на часови и пишувањето на есеи(кои се многу лошо протолкувани и несинхронизирани во спроведувањето од страна на катедрите на факултетот,но тоа е друга приказна).Ова значи дека студентите и тоа како имаат можност да се изразат и усно и писмено,но за жал,барем од моето искуство со колегите,таа можност не ја користат.

Нема коментари:
Објави коментар