твитерYouTubeRSS

среда, 24 ноември 2010 г.

БЛОГ КОЛУМНА: Самоуништување (ВТОР ДЕЛ)


Што всушност значи концептот на достапно образование- факултетот, каков таков, можеби и неакредитиран, можеби без соодветен наставен кадар, можеби и без греење, да ти е, народски кажано “во двор “, или пак, да е бесплатен? Оваа дефиниција драги мои веројатно е посоодветна за некој друг утописки свет, иако кај нас постоеја искрени обиди токму така да се разбере и да се наметне. Не за реалниот свет. Никаде во светот не се сретнува концептот на таканаречените дисперзирани студии. Секоја нормална земја наместо да ги уништува универзитетските центри, прави се да ги зајакне и доразвие, а студентите, бидејќи имаат добар стандард, и многу можности за стипендирање и кредитирање, одат таму да стдираат. За да имаат вистински предавања, вистински професори и вистински студентски третман. Со јазикот на дедо ми-добиваат можност да станат луѓе!
Што добивме ние од дисперзираните студии??? Можност да без труд се стекнеме со некаква диполма???
Зошто ни е диполма која не е заслужена или која не е поткована со минмален квалитет на знаење??? За макар привремено да се намали бројот на невработени во Заводот за статистика??
Оние што порано не можеа да си дозволат да студираат, сега останаа дома,и се запишаа на некој дисперзианите или новоотворени факултети кои се раштркани насекаде низ земјата. Секое село стана универзитетски центар. А јас сеуште се прашувам, од каде во Македонија толку универзитетски кадар и пари за да се плати истиот, како и целата потребна администрација и технички услови???
И уште поважно- што ќе се случи кога во еден момент, 80% од населението ќе има високо образование а СИТЕ ќе бидат невработени, или неквалификувани???
Со сите меѓународни договори кои ги има потпичано и ратификувано Р.Македонија, со Уставот и сите закони, нас ни е гарантирано квалитетното образование. А каде е тоа?? Јас не го гледам! Не гледам можности за усовршување, не мислам дека за 4 години нешто многу научив! Моментално сум невработен правник,за некој месец ќе бидам и невработен магистер. Не можам да ги повратам парите кои ги вложив за студирање. Или можам да се вработам за минимална плата бидејќи лошиот квалитет на кадри ја урива цената на пазарот на труд. Во странство не можам да отидам, бидејќи нашите Универзитети или не се влезени или веќе излегоа од ЕРАЗМУС мрежата- најголемата и најмногу финансираната студентска мрежа за мобилност. Се наоѓам во дупка- за тука сум преквалификувана, за надвор сум неписмена.
Ако наместо 6 дисперзирани правни факултети, имавме 1 добар, со обезбедена литература, со добра библиотека, со визитинг професори, со можност за студентски размени- ова немаше да биде случај!!!

Нема коментари:

Објави коментар