Почитувани колеги/колешки,
На е-маил адресата на Студентски отпор стигнаа многу поплаки од студенти кои се однесуваа на нефункционалноста на интернет страната на Студенскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, која како што беше наведено служи единствено за самопромоција на поединци, и нема никаква функционалност. Беше наведено дека истото се случува и на нивната Facebook група во која не се дозволува пишување на коментари, искажување на мислење за студентското секојдневие, и која исто така служи само за постирање на постови и промоција. Сите коментари кои не одговараат на администраторите се бришат и не се дозволува транспарентно да се види реалната слика и поплаки кои доаѓаат од студентите.
Ова соопштение нека претставува АПЕЛ до Студентскиот парламент, дека начинот на кој ги извршуваат работите не треба да биде еднострано, туку потребно е да се слушнат двете страни за да се види реалната слика во студентскиот живот!
Оваа фотографија пристигна на нашиот е-маил од еден студент на кој упорно му биле бришани коментарите оставени на Facebook групата за кои пишувавме погоре. Денес на оваа група не е овозможено поставување коментари и групата е цензурирана од администраторите.
Dobro be sramota e da ja potcenuvate intelegencijata na studentite, najprvo ovoj ocigleden screenshot go napravile tie sto postirale, pogolema sloboda od medium vo zivo ne mozese da dobie nieden graganin a ne samo student. Katastrofalno nekoj se mesa, siguren sum deka e politicka partija vo pozadina koja gi finansira ociglednite manipulacii !!!
ОдговориИзбришиSramota e sto lugeto od SPUKM se pasivizirani od politickata partija na vlast i site studenti sme zaloznici na toa. I jas go imav istiot problem so FB grupata na SPUKM kade postaviv prasanj zosto ne pokrenat baranje inicijativa za neisplatenite studentski vauceri, krediti, najavata za ukinuvanje na kreditite, i na seto toa ne dobiv odgovot tuku bese izbrisano. Toa li e dvizenje, toa li e studentski aktivizam?
ОдговориИзбриши