Во многу европски земји, ваквите студентски унии овозможуваат пракса за студентите, работа со скратено работно време, стипендии и обуки. Тие се активни членови на граѓанското општество и силни лоби групи во политичкиот живот.
Во Холандија се организирани како синдикати. При еден од универитетите имаат формирано дури и своја локална политичка партија при што на секои избори имаат барем едно место во градскиот совет, што им овозможува поголемо влијание, пристап до информации и фондови, и редовен контакт со институциите. Во секоја година од мандатот на советничката позиција доаѓа нов студент, за да се зачува транспарентноста. Една од студентските унии овозможува дури и здравствено осигурување.
Па и да не отидеме подалеку од Балканов, во Грција, студентската организација реализира најразлични проекти, дава обуки, организира петиции, организира демонстрации!!! Секоја пролет има нови студентски избори за да се осигура независноста од владејачката гарнитура и најдобро да се реализираат студентските интереси.
Во Канада, за пример ќе го посочам само фактот дека во 2007 година излобираа од Владата 800.000.000 долари плус за нивни иницијативи и социјални трансфери за студентите. Во 1998 година формираа т.н. Милениумска фондација за школарини која и ден денес дава стипедии и грантови на студентите на кои им е потребна помош.
Една техничка забелешка, кога пишувате големи броеви треба 1000-ките да ги одделите некако, дали со запирки или со празно место сеедно.
ОдговориИзбришиА во однос на тоа дека во Канада издејствувале 800 милиони долари „за нивни иницијативи и социјални трансфери“ - премногу опскурно, нејасно за што се наменети парите. Многу би било подобро тие пари да беа субвенција за школарината, отколку за привилегирани неколкумина.