„Знаењето е сила, знаењето е моќ” - една од многуте владини рекламни кампањи што долго време се врти на ТВ-станиците и за која се издвојува огромна сума буџетски пари, пари од граѓаните. Реклама, со која Владата сака да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на образованието и да влијае врз нивната свест за корисноста од образованието.
Сето тоа би било ОК ако на пример живееме на некој друг дел од земјинтата топка, а не во земја каде најголем број од популацијата има некаква универзитетска диплома,а две третини од истата-се невработени.
Пред неколку дена помеѓу студентите како гром од ведро небо одекна веста дека се укинуваат студентските кредити,во време кога студентскиот стандард е далеку под просечносто ниво на нормално живеење.Руинирани студенсти домови,тепачка за легла во истите,универзитетски кровови кои сосема малку пропуштаат дожд,руинирани лабаратории,тоалети кои се извор на зарази.

Земајќи ја денешната ситуација околу студентскиот живот, односно нивото на кое се спушти просечниот студент, пониженоста од сопствената држава, создава револт и е срамно.
Денес дојде време кога токму државата им го сврти грбот на оние што самата ги поттикнуваше да го продолжат своето образование и колку-толку скромниот студентски живот, кој некогаш беше гордост да го живееш како личност, дојде време кога е понижувачки да се живее и тешко да се опстои во него. Единствениот надомест што беше и еден вид поттик на секој студент да биде подобар поединец од другите околу себе, студентските кредити и стипендии, денес сопствената држава премолчено ги заборава да им ги додели,или најавува дек ќе ги укине за во некое идно време да ги замени со стипендии. А што до тогаш? Министерот е загрижен затоа што парите не се враќале а јас сум уште позагрижена дека многу од моите постари колеги воопшто и не биле во можност да ги вратат.Колку студенти се вработиле веднаш по дипломирањето? Повеќето што јас ги знам мака мачат да пронајдат и позиција на која би волонтирале во струката!
И сега ,прашањето кое мене лично најмногу ме боли-колку студентски кредите,колку стипендии лежат во стравотните лавовски фигури поставени на мостот Гоце Делчев?
Колку студенти ќе се прехранеа од тие пари,ќе купеа книги,облека патики?
Верувам дека многу повеке од овие 1200 кои се корисници на студенстки кредити во моментов. И дека тие што ќе ги добиеја кредитет ќе беа многу погорди на тоа што се македонци,отколку овие шо не ги добија а секој ден поминуваат покрај тие исти скулптури,прашувајќи се како да го преживеат месецот....

Нема коментари:
Објави коментар