Доколку не ги подмират долговите, голем број основни и средни училишта, како и факултети и студентски домови ќе останат без парно греење. Иако Топлификација првично информираше дека институциите треба да ги платат сметките до први овој месец, сепак го продолжи рокот до петок.
Од Снабдување исток информираат дека на листата должници се и Природно – математичкиот факултет, Факулетот за земјоделски науки и храна, Шумарскиот факултет, како и студентскиот дом Стив Наумов. Без парно може да останат и студентите во домот Гоце Делчев во општината Карпош, чиј долг изнесува 4 милиони и седумстотини илјади денари. Студени
радијатори може да има и во десетина основни училишта во општината, поради собраните сметки од околу 14 милиони денари.
Должници има и во Центар. Меѓу нив се и Правниот, Економскиот, Градежниот и Факултетот за музичка уметност, Економскиот институт, како и неколку основни училишта.
Пред само три дена до истекот на рокот за плаќање, од министерството за образование објаснуваат дека снабдувањето со парно греење нема да биде прекинато. Уверуваат дека се во постојана комуникација со Топлификација и дека имаат договорено како ќе се одвива плаќањето.
За неплатените сметки, неколкупати реагираа и дел од општините велејќи дека средствата што ги добиваат од министерството за парно греење се недоволни.
ИЗВОР: Телма
Нема коментари:
Објави коментар